(ВИДЕО) Жерновски: Има ли институција во државата која не се снабдува од „Тинекс“?

Од:

На два дена пред изборниот молк, кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, го повика уште еднаш противкандидатот Владимир Тодоровиќ на ТВ дуел, на кој ќе се расчисти кој и како работел и што нуди како програма.

Досега, рече Жерновски, не чувме ништо за „Зебра“, не чувме како површина за паркирање во Капиштец, стана сопственост на Владимир Тодоровиќ.

Жерновски бара и одговор како Тодоровиќ, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ остварил профит од повеќе од 16 милиони евра.

Укажа дека „Тинекс“ добил тендер од 840 илјади евра од Министерството за труд и социјална политика, за снабдување со храна и сите продукти за институциите под надлежност на Министерството, како што е снабдување за Домовите за грижа за деца без родители.

Фирмата „Тинекс“ била единствен понудувач. Во истовреме се склучени договори уште со Министерството за здравство, Агенцијата за електронски комуникации и Заводот за статистика, за снабдување со продукти од „Тинекс“.

„Има ли институција во државата која не се снабдува од Тинекс“, рече Андреј Жерновски.

Покажа написи од Б92, во кои се зборува за Србинот од Македонија, кој вложил во хотел на Кнез Михајлова. На Б92 е посочено дека Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Центар и македонски стопанственик со српско потекло, има намера во центарот на Белград да отвори хотел.

 

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“