СДСМ: Мицкоски е неспособен, тој не знае да крева плати, тој не може да добие избори

Од:

„Граѓаните го паметат Христијан Мицкоски, извршителот на Никола Груевски, по неодговорното и недомаќинско директорување додека ја водеше најголемата енергетска компанија во државата.

Не водејќи грижа за државната каса, во јануари 2017 година Мицкоски купил 58.992 мегават часови електрична енергија за кои најниската цена била 52,85 евра, а највисоката фантастични 240 евра за мегават час.

Само во период од 8-ми до 23-ти јануари, како директор, купил скапа увозна струја во вредност од 5,6 милиони евра, средства кои немало да се потрошат доколку се работело одговорно наместо криминално“, велат од СДСМ.

„Тоа што го прави најлош и најнеодговорен директор се фактите дека лично Мицкоски во 2017-та не дозволил домашно производство на енергија со што ја приморал компанијата да увезува скапа струја, како и тоа дека купувал струја ден за ден што е најскап модел, наместо да набави електрична енергија за подолг период со што би се намалила цената на увозната струја. Зошто го правел ова знае самиот Мицкоски.

Но јасно е дека со ваквото однесување тој свесно ја спречил компанијата да произведува сопствена енергија со што ја загрозил и стабилноста на енергетскиот систем во државата. Дали Мицкоски на тој начин овозможил да се злоупотребуваат ресурсите на ЕЛЕМ за нечија лична корист, ќе треба да утврди Јавното обвинителство.

Ако Мицкоски демонстрирал несериозно и расипничко однесување како директор, тогаш нема право да зборува и да ветува раст на плати, затоа што не знае да зголемува плати.

Граѓаните веќе ја препознаа манипулаторската политика на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и доволно слушаа за нивните лаги. Граѓаните последниот збор против режимско- криминалната партија ќе го кажат на 12-ти април.

За големиот пораз од народот е свесен и самиот Мицкоски кој побегна од парламентарните избори. Тој кукавички одби да се соочи со претседателот на СДСМ, Зоран Заев во четвртата изборна единица, но се исплаши и од сите други кандидати на СДСМ и затоа реши да не учевствува на престојните избори.

Мицкоски залудно бега од пратеничките листи кога не може да избега од поразот. Тој е прочитан дека оди еден чекор назад, додека ние одиме три чекори напред“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“