Ештон се уште се надева дека за неколку дена ќе има договор меѓу Белград и Приштина

Од:

Иако вчера прогласи крај на формалните преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија, Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на Унијата, Кетрин Ештон, сепак се надева дека во следните неколку дена е можен договор на релација Србија – Косово.

Портпаролката на Ештон, Маја Коцијанчич, посочи дека англиската баронеса синоќа по маратонскиот осми состанок јасно кажала дека бројни предлози биле ставени на маса и дека истите остануваат таму, јавува дописникот на МИА од Брисел.

– Голем прогрес беше направен во овој дијалог и од наша гледна точка јазот меѓу двете страни е тесен и тие се враќаат за консултации во своите главни градови, а Високата претставничка на ЕУ ќе очекува да комуницираат со неа за одлуките во следните денови. Европскиот совет во своите заклучоци на декемврискиот Самит јасно предвидуваат што Ештон ќе треба да направи, а тоа е покрај извештајот на Европската комисија, таа исто така овој месец да извести за резултатите од дијалогот по што на јунскито Самит на ЕС ќе се одлучи дали Србија ќе ги започне пристапните преговори со Унијата, вели Коцијанчич.

На прашањето на денешната прес-конференција во Комисијата, за тоа до кога Ештон очекува да добие повратен одговор од двете страни и дали има можност за друга средба или тоа е исклучено, нејзината гласноговорничка ќе рече: – Она што таа го кажа синоќа е дека очекува од нив да комуницираат со неа за одлуките во следните неколку денови. Но, засега не се планира да се свика нов формален состанок, потенцира Коцијанчич.

Според претставнциите на српската и косовската делегација, дијалогот заглави околу овластувањата на Заедницата на српските општини во Северно Косово.

Србите бараат тие да можат и да бираат судии на судовите, да ја контролираат полицијата, образованието во својот реон, а во исто време косовската војска да нема надлежност на таа територија.

Ова, што синоќа во Брисел го побараа српскиот премиер Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ е апсолутно неприфатливо за претседателот на косовската Влада, Хашим Тачи и неговите тројца заменици што го придружуваа на последниот дијалог.

На прашањето како ако во изминатите шест месеци не дојде до договор, сега ЕУ очекува во следни три дена Србите и Косоварите да речат “прифаќаме“, портпаролката на Ештон со одговор:

– Мислам дека е јасно дека во изминатите шест месеци имавме интензивен процес на дијалог. Премиерите се сретнаа осумпати и дискутираа многу часови. Отворени се бројни прашања и има многу елементи за можно решение и двете страни сега треба во своите градови да го најдат решението и да ја комуницираат Ештон за нивната одлука. Сега, едноставно не можеме да шпекулираме што ќе се случи. Треба да им дадеме на двете страни шанса да се консултираат, па да видиме,  додава Коцијанчич.

Високи извори на Унијата што инсистираат на анонимност, денеска брифираа дека Брисел не бил вклучен во предлагањето на решенијата и дека понудите што се уште се на маса се дадени од Белград и Приштина, но дека она што сега се нуди како „земи или остави“ е всушност повеќе или помалку прифатливо за Косово, за разлика од српските власти.

Она на што ЕУ инсистира е дека во случај на договор, двете држави истиот ќе мора да го имплементираат во своите закони, што значи и промена на највисокиот правен акт, а тоа е Уставот.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски