Колку кофеин е премногу?

Од:

Истражување спроведено во Северна Америка покажало дека 98 отсто од луѓето конзумираат кофеин секој ден.

Овој природен стимуланс се појавува во разни облици и величини, вклучувајќи кафе, чај, газирани пијалаци, чоколадо и енергетски напитоци.

Експертите тврдат дека умерена доза изнесува околу 200 мг или две шолји силно кафе. Луѓето кои редовно пијат кафе во таа количина може да сметаат на ефекти како зголемена будност, лек против главоболка, а се покажало дека дури може да помогне и за спречување на Алцхајмерова болест.

Сепак, доколку конзумирате над 500 мг секој ден, тоа може да доведе до зависност  чувство на тегоба и раздразливост.

Неколку факти за кофеинот:

– Кофеинот е најчесто користен психоактивен стимуланс во светот. Стимулансите (во оваа група спаѓаат и тутунот и кокаинот) влијаат на централниот нервен систем, па во мозокот по конзумирањето на овие средства се создава чувство на будност.

– Над 500 мг кофеинн дневно може да биде опасно, но тоа е индивидуално.

– Претераното конзумирање кофеин предизвикува напад на паника, срцева аритмија, па дури и самоубиствени мисли.

– Секое тело има свои граници, па затоа внимателно со внесот на кофеин, кој освен во кафето го има и во намирници како што се чоколадото и некои безалкохолни пијалоци.

– Користете го за да се расоните, но запрете на третата шолја.

– Пет шолји кафе може да предизвикаат предозираност со кофеин или пет енергетски пијалаци испиени во рок од два часа. Конзумирањето премногу кофеин во еден ден може да влоши или предизвика состојби како паничен напад, психози, несоница.

– Сега веќе класичната комбинација вотка-енергетски пијалак не е никако добар избор со оглед дека некои симптоми на труење со кофеин се повраќање, срцева аритмија и висок крвен притисок, што може да биде многу полошо во случај кога кофеинот се комбинира со алкохол.

– Конзумирањето премногу кофеин во подолг временски период може да има застрашувачки последици. Освен појавата на завиност тука се и мигрените, депресијата и заморот.

– Тешко е да се каже колку кофеин е премногу кофеин, бидејќи секој различно реагира, она што е сигурно е дека лицата кои често го конзумираат, се поотпорни од оние кои не се навикнати на него. Останатите фактори како што се тежината и индексот на телесна маса исто така влијаат на отпорноста.

– Умерена количина кофеин има некои предности, но претерувањето е штетно во се па и во пиењето кафе.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска