Прва македонско-канадска лидерска конференција на ОМД во Торонто

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција (MКЛК 2013), што  ќе се одржи на 27 овој месец во македонската православна катедрала „Св. Климент Охдридски“ во Торонто.

Конференцијата ќе обедини на едно место македонско-канадски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Канада на едно место. Најавено е и учество на македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски, како и пратеникот за Северна Америка Павле Саздовм кои ќе зборуваат за улогата на дијаспората во канадско-македонските односи.

– Оваа конференција преставува единствена можност за нашите лидери во Канада да се соберат на една централна локација со цел да остварат контакти и да научат за тоа како да ги водат своите организации, да собираат средства, како и за тоа како најдобро да ја претставуваат нивната заедница, изјави директорот на ОМД за операциите во Канада – Џим Даикос.

Целта на конференцијата е да се поттикнат сите македонски лидери, особено студентите, да се активираат во општеството и преку граѓански ангажмани и да помогнат на Македонија и на макдонско-канадските односи преку едуцирање на јавноста.

– Моето семејство и јас ја поздравуваме оваа иницијативата на ОМД да се отвори дијалог помеѓу сите македонско-канадски институции за тоа како да ги подобриме животите на Македонците, како во Канада така и во Македонија, изјави членот на советодавниот одбор на ОМД Крис Станвик.

На 27 април ќе се одржи обука на македонските лидери во маркетинг, собирање средства, како и за тоа како да се мобилизира македонската заедница за различни цели.  Вечерта ќе заврши со прием со македонско вино и храна, каде ќе присуствуваат пошироката македонска заедница и пријателите на Македонија во Торонто.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски