Израел изврши воздушен напад врз Газа, прв пат од почетокот на примирјето со Хамас

Од:

Израел изврши вчера воздушен напад врз Појасот Газа, првиот по осумдневната војна во ноември, соопшти исламското движење Хамас, кое ја контролира палестинската територија, а него информираа и израелските власти.

– Авиони на окупаторите бомбардираа отворен регион во северниот дел на Газа, нема ранети, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Хамас.

Портпаролот на изралските воени сили потврди дека имало напад врз Газа, но изнесе повеќе детали.

Израелските воени сили претходно вчера изјавија дека Палестинците истрелале три ракети кон Израел. Две од нив паднале во Газа, а една експлодирала на отворен простор во јужен Израел, при што нема жртви и не е предизвикана материјална штета. Ниту една од палестинските организации не ја презеде одговорноста за ракетните напади.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег