(ВИДЕО) Преминот Деве Баир на готовс за коронавирус: Ќе пристигнат дваесетмина туристи од Сингапур и Јапонија

Од:

Група од двесетмина туристи од Сингапур и Јапонија со автобус се очекува да пристигнат во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, извести денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

За пристигнувањето на туристите кои доаѓаат од Романија, кадешто има регистриран случај на коронавирус, Министерството било информирано од наша туристичка агенција.

„Известен е локалниот центар за јавно здравје којшто ќе го пречека автобусот. Патниците ќе бидат детално интервјуирани, а потреба и прегледани. Тие доаѓаат од Романија кадешто има веќе регистриран случај и тоа е причина да бидеме нешто повнимателни“, рече министерот Филипче.

Во изминатото деноноќие немало нови тестирани за коронавирус, а кај единствената пациентка кај којашто беше потврден вирусот, се чека контролен тест откако тестот вчера покажа дека кај неа нема повеќе коронавирус.

„Нејзниот контролен тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24 – 48 часа, тоа ќе го направиме дене или утре. Доколку контролниот тест е негативен, таа не е инфективна, не може да ја пренесе болеста“, објасни министерот Филипче.

Патниците кои биле со неа во комбето, возачот како лицата до кои контактирала, а сега се во изолација, министерот Филипче вели дека се здрави. Епидемиолозите прават визита кај нив секој втор ден.

Странците кои неколку дена седеле во хотел во центарот на Скопје се негативни на вирусот. Вчера по тестовите се биле прегледани и со содветна со терапија за нинвата состојба, биле пуштени од Клиниката за инфективни болести.

Од вчера сите странци кои доаѓаат во земјава во моментот кога ќе се вклучат на некоја од нашите мобилни мрежи добиваат порака со податоците каде да се јават доколку почувствуваат симптоми на болеста. Истите податоци во форма на флаери им се делат на патниците на сите гранични премини.

Министерот информираше дека бројката на заболени во Европа се искачи на 5.000 лица, а прв потврден случај на заболен од коронавирус е регистриран во Србија. Италија размислува поради коронавирусот да го затвори и регионот Пјаченца, а одлуката ќе ја донесат денес или во текот на викендот. Македонските власти се во постојан контакт со одговорните за справување со коронавирусот во околните земји и во Италија од каде е можно групи наши државјани кои работат таму да се вратат во земјава.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски