Ештон: Пукнатината која ги разделува Белград и Приштина е многу тесна, но длабока

Од:

Србија и Косово не успеаја да постигнат спогодба за подобрување на односите, што е од критично значење за надежите на Белград да се приклучи кон Европската унија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Ештон, која беше посредник во преговорите преку соопштение нагласи дека пукнатината меѓу Србија и Косово е многу тесна, но длабока.

Таа додаде дека 12-часовните разговори во Брисел се последната можност, кога сите страни во дијалогот со посредство на ЕУ се сретнаа официјално.

– Српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи ќе се вратат во своиите земји за да се консултираат со колегите и соработниците за следните чекори, кои треба да се преземат, рече Ештон.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски