Мондини де Фокатис стана првата жена директор на осигурителната компанија „Адмирал“

Од:

Британската осигурителна куќа „Адмирал груп“, соопшти дека првпат на позицијата генерален директор на компанијата ќе биде именувана жена.

Компанијата наведува дека досегашниот генерален директор Дејвид Стивенс, поради пензионирање, ќе замине од функцијата во следните 12 месеци, а негов наследник ќе биде Милена Мондини де Фокатис.

Мондини де Фокатис изјави дека е многу горда што наскоро ќе стане генерален директор на оваа „многу посебна“ компанија.

Стивенс, кој воедно е и соосновач на „Адмирал груп“, се наоѓа на директорската позиција од мај 2016 година. Идната директорка е вработена во фирмата од 2007 година.

Тој истакна дека е задоволен што има наследник кој поседува „интелигенција, искуство, како и јасна визија неопходна за преземање на таа улога“.

Вработените во компанијата сметаат дека Милена Мондини де Фокатис претставува „природен наследник и лидер на идната генерација“

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски

Синодот на МПЦ, граѓани и видни гости на протест пред Соборниот храм во Скопје

Тренчевска: Северна Македонија е за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности

Горан Наумовски