(ВИДЕО) Локвенец: Само на Мицкоски му смета напредокот кон ЕУ, тој сака да ја врати државата чекор назад во изолација

Од:

„Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев.

Единствено на извршителот Христијан Мицкоски му смета позитивната препорака, единствено нему му смета напредокот кон Европската Унија.

Колку повеќе напредуваме во интеграцијата, во реформите, толку повеќе извршителот Мицкоски запаѓа во очај“, рече Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„Извршителот Мицкоски е за изолација, СДСМ е за интеграција.

Тој чекор назад, ние три напред.

Напредокот и успешните реформи што ги остваривме со многу работа и во тешки услови, се успеси на граѓаните, на државата, на Владата, на парламентот и на институциите.

Само извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски е против овие успеси.

Граѓаните тоа многу добро го знаат.

Граѓаните не сакаат враќање назад, не закаат неизвесност, не сакаат изолација. Граѓаните сакаат напредок, сигурна и стабилна иднина, повеќе пари, поголеми плати, интеграција.

Затоа Мицкоски го чека нов пораз на 12 април.

Ние продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро, и носиме голема победа за сите граѓани на 12 април“, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“