Забраната за јавни собири ќе се продолжи до 13 март

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче од Владата ќе побара забраната за одржување јавни собири како превенција од коронавирус да се продолжи за уште една недела, односно до 13 март. Епидемиолозите утрово од него побарале продолжување на рокот поради се поголемиот број заболени во Европа и во регионот.

„Оваа мерка е поради континуираното зголемување на бројот на заразени. Бројот на заболени во регионот Европа денес е 4250 , 1000 повеќе од вчера. Во нашиот регион нови има случаи во Словенија, еден, и во Република Српска двајца. Поради тоа оваа мерка треба да продолжи, а постојано ја следиме состојбата и за поригорозни мерки“, рече министерот Филипче.

По засилувањето на мерките против коронавирус во Италија, министерот Филипче добил известување од нашиот конзул во Италија дека има најави за наши државјани кои работат во Италија дека сакаат да се вратат дома. Во Италија до 15 март затворени ќе останат училиштата и универзитетите, па дел од нашите државјани поради тоа што не се на работа покажале интерес да се вратат дома. Министерот вели дека е во постојан контакт со конзулот за да имаат увид во поголемите групи кои би пристигнале од Италија.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски