(ВИДЕО) Витанов: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, барањата од иницијативата за референдум се исполнети, депонија во Неготино нема да има

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги лаже граѓаните. Имено, на вчерашната прес-конференција на господинот Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ беа изнесени низа лаги и манипулации.

Депонија во Неготино нема и нема да има! Единствено нешто што труе во Неготино се лагите и манипилациите на ВМРО ДПМНЕ.

Денес можам да ви потврдам дека ние како СДСМ и Градоначалникот на Неготино и поздравивме демократскиот чин на собирање на потписи за распишување на референдум, впромеч за тоа потврда добивме и од овластениот предлагач на иницијативата, господинот Сашко Тодоров, претседател на ЗГ Еко вика, на една од седниците на советот“, вели Диме Витанов, ОО СДСМ Неготино.

„Барањата од иницијативата за рефњерендум се целосно исполнети!

– прекината е постапката за продажба на градежно земјиште , но не од Народниот правобранител како што кажува Владимир Нелоски, туку од комисијата за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање. Еве го решението

– поништена е одлуката за УПВНМод страна на советот на општина Неготино. Еве ја одлуката

Еве го образецот од ДИК за кои прашања граѓаните на општина Неготино го дадоа својот потпис. Овде јасно стои дека граѓаните бараат поништување на одлуката за УПВНМ и прекинување на постапката за продажба на земјиштето.

Вистината за депонија воНеготино е сосема поинаква од таа којашто ја зборува Владимир Нелоски:

– ВМРО ДПМНЕ во 2009 година носи одлука на Совет за предвидување на депонија во Неготино (се пруикажува одлуката)

– ВМРО ДПМНЕ, во 2012 поточно Миле Јанакиевски како тогашен министер за Транспорт и врски го дава истото земјиште на концесија од 50 години за изградба на депонија за инертен индустриски и неопасен отпад (се прикажува)

– Во време на ВМРО ДПМНЕ, презентација за намена на земјиштето се право во селска продавница со 5 присутни жители.

– Во Мај 2019 година, Советот на општина Неготино со 15 гласа за , односно сите членови на советот едногласно ја носат одлуката за УПВНМ

Овде го прашувам лично господинот Нелоски, зошто не ги праша луѓето од ОК ВМРО ДПМНЕ Неготино, кога му давале информации на оваа тема, зошто не му кажале дека сите советници од редовите на неговата партија гласаа за донесување на одлука за УПВНМ и зошто советниците на ВМРО ДПМНЕ од Неготино немаа ништо против програмата за управување со градежно земјиште во која беше предвидено проажба на споменатото земјиште“, изјави Диме Витанов, ОО СДСМ Неготино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“