Девојка од Куманово ранета со огнено оружје

Од:

Девојка од Куманово (27) е ранета попладнево со огнено оружје во месноста „Менкова Колиба“. Според првичните инфрмации, минувач го пријавил случајот во полиција.

СВР Куманово не открива детали освен дека се трага по сторителот. Повеќе информации најавува за утре. Од кумановската болница потврдуваат дека кај нив е примена девојка со прострелни рани во двете натколеници.

– Со возило на брза помош е донесено женско лице околу 14 часот 45 минути со прострелни рани на двете натколеници од кои во едната имаше заостанат куршум. Лицето е донесено во стабилна општа состојба. По направените рентгенски снимања и по терапијата, е префрлено на Клиниката за трауматологија во Скопје, изјави Зоран Тасевски, хирург во Општата болница Куманово.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата