Британците мислат дека сликарот Реноар е соиграч на Бекам

Од:

Повеќе од една третина од младите Британци на возраст меѓу 16 и 24 години не знаат кој е Огист Реноар, а 13 отсто се убедени дека тој е фудбалер и соиграч на Дејвид Бекам во „Пари Сен Жермен“, поакжуваат резултаите од истражувањето на британската агенција „Артфајндер“.

Податоците објавени денеска покажуваат дека шест отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека Реноар е француски премиер, 20 проценти дека е пејач кој победил на минатогодишниот фестивал за песна на Евровозија, додека 12 отсто признале оти немаат поим за кого станува збор.

Истражувањето открива дека младите Британци ги поврзуваат импресионизмот не со еден Моне, на пример, туку со неколкумина познати британски комичари кои се често на домашните телвизиски програми.

Анализата на ова истражување кога ќе се постави по градовите во Велика Британија, открива дека најдобро за уметноста се запознаени жителите на Бристол. Таму 50 отсто од учесниците во истражувањето препознале автентично уметничко дело. Најлошо стои Белфаст во Северна Ирска, каде дури 81 отсто од анкетираните не препознале ниту едно автентично уметничко дело од оние кои биле прикажани.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска