(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ беше против повисоки плати во образованието и остави пустош во културата

Од:

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека во културата, како и во другите сектори, понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се лаги, лажни вести и украдени, ископирани проекти од СДСМ.

„Нема ништо полицемерно и понесериозно од тоа Мицкоски да ветува повисоки плати во образованието, кога токму пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предводени од Влатко Ѓорчев го блокираа носењето на измените на Законот за исплата на плати. Со намерно незакажување на седницата на Комисијата што ја предводеше Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ им го ускрати правото на професорите во високото образование да добијат за 10 отсто повисоки плати како наставниците во средното и основното образование“, обвини Кузеска.

За работата на ВМРО-ДПМНЕ во културата најдобро знаат културните работници, но и граѓаните на Скопје, рече портпаролката на СДСМ и додаде дека граѓаните и денес го гледаат распадот на новите објекти кои послужија како параван за кражба на стотици милиони евра народни пари.

„Вложувајќи во стиропор и фасади ВМРО-ДПМНЕ ги остави да се распаѓаат Прилепскиот театар, зградата на Центарот за култура во Охрид, во Струмица, Кумановскиот и Штипскиот центар за култура ги остави без греење“, рече Кузеска.

Според неа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски почнал да се фали со програма која веќе ја реализира и ја предвидува СДСМ преку институциите што ги предводи.

„Делегираниот буџет на културните установи, за кој зборува денеска Мицковски, е детално разработен во новиот Закон за остварување на јавниот интерес за културата. Законот е усвоен од Владата. И наместо Мицковски и ВМРО ДПМНЕ да го поддржат Законот и придонесат позитивните решенија побрзо да станат реалност, тие го отфрлија без аргументи, а крадејќи ги неговите специфични решенија. Новиот закон не само што пропишува институциите сами да одлучуваат за своите годишни програми, туку овозможува и врвните манифестации, програми, фестивали и активности на здруженија, да стекнат статус од особен интерес и да преминат на повеќегодишно, програмско финансирање. Јасна и видлива е разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и расипничките, криминални и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ во културата и образованието. Додека тие инвестираа во криминални споменици и барок фасади кои се распаѓаат СДСМ инвестира во луѓето“, додаде портпаролката на СДСМ, Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата