КОАИ: Инженерите може да го решат проблемот со аерозагадувањето во Скопје

Од:

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

„Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како најголем предизвик во урбаното живеење, но потребна е финансиска поддршка на нивните идеи. Инженерската фела апелира и што поскоро да се усвојат еврокодовите. Се поголем предизвик е и малиот интерес за инженерски студии, но и масовниот одлив на диплоираните инженери“, рече професор д-р Миле Димитровски, претседател на КОАИ.

„Индустриските капацитети, возилата, прашината од градба, депонииите, одржување на хигиена во градовите и сл. се места на создавање на загадувањето со цврсти честички и ние треба да ги решиме. Мислиме дека инженерите имаат капацитет да ги решааваат проблемите, но треба да се најдат финансиски средства за поткрепа на таквите проекти. Би почнале од се, прво од историја на „болеста“ што се вика недостаток на чист воздух за дишење, а потоа еден по еден би ги решавале „причините“. Но, мора да работиме здружено сите, секој во своето поле да одработи тоа што го знае најдобро. И граѓанските организации имаат своја улога, но кога ќе му дадете на некој да го решава проблемот со сообраќајот, тоа треба да биде сообраќаен инженер, ако е проблемото од машинство на машинец, ако е од урбано плаирање, урбан планер, ако е од електротехника на електринженер и тн. и тие ќе ги направат сите зафати за смалување на загадувањето“, додаде Димитровски.

Анастасија Трајковска, од одделението на архитекти при Комората, ја потенцираше важноста од интердисциплинарен пристап на сите инженери за подобар живот во градовите. Целта е да ги направиме градовите поодржливи.

„Со оглед на тоа што основните цели на  одржливиот  развој се подобрување на животната средина, заштеда на енергијата и контрола на урбанот развој, ова не инволвира сите нас инженери кои сме дел од комората да настапиме интердисциплинарно за да можеме да ги направиме нашите градови поодржливи, попријатни и да ни обезбедат подобри услови за живот. Ваквите можности во нашата
земја согласно со законската регулатива не се многу големи. Целта не е да критикуваме, туку да покажеме дека креативноста и иновативноста на инженерите можат да ги совладаат сите препреки и да ги обезбедат основните цели за одржливиот развој согласно агендата на ООН, која е и водилка за воспоставување на овој прв светски инженерски ден“, изјави Трајковска.

 

Би можело да ве интересира

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Катерина Ѓуровски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

СЗО: Околу 99 отсто од светската популација дише воздух со лош квалитет

А1он

Воздух од кој печат очите, Скопје вечерва втор најзагаден град во светот

А1он

Се укинува мерката за бесплатен автобуски превоз

А1он