(ВИДЕО) Георгијевски: ВМРО е политички гробар на Македонија

Од:

Историјата ќе памети, а генерации и генерации граѓани на нашата земја ќе раскажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот гробар на Република Македонија. Луѓето од оваа партија уништуваат се пред себе за свои политички интереси. И овие локални избори покажаа како се злоупотребуваат државните институции за пресметка со своите политички опоненти и за сеење страв, а во функција на добивање нешто што не им припаѓа и не го заслужиле, рече денеска на прес-конфереција Васил Георгијевски, портпарол на струмичките социјалдемократи.

Најновиот пример е од денеска. Управата за јавни приходи по партиска директива од ВМРО-ДПМНЕ, денес се даде во поход да собира арач, како во времето на отоманското ропство. Тоа го прави на пет дена пред прегласувањето закажано на 7-ми април, во време на изборна кампања. Собирачите на арач од УЈП денес злонамерно влегле во фирмите ,,Зови промет, каде што работи таткото на градоначалникот Зоран Заев и Тотал-електрик во сопственост на сопругот на братучетка на Зоран Заев и експресно ги казниле со по илјада евра.

Е, па браво господа од ВМРО-ДПМНЕ, навистина многу сте можеле. Генијални сте во вашето мизерно политиканство.

Каде ли ќе ви оди душата? Ги изгубивте конечно сите човекови вредности. Го допревте дното.
Такви како Вас завршуваат на буништето на историјата. На 7-ми април ќе добиете уште еден одговор од граѓаните за сите Ваши недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија