Средствата за дезинфекција и маските поскапени оти имале поголема увозна цена, објаснува Филипче

Од:

По најавите дека ќе ги казнат аптеките и комапниите кои ќе ја зголемат цената на средствата за дезинфекција и маските поради зголемаената побарувачка по коронавирусот министерот за задравство Венко Филипче вели дека добиле известување дека зголемените цени дома биле поради зголемените увозни цени. Одговарајќи на новинарско прашање министерот Филипче рече дека ќе истражуваат и дали се зголемиле увозните цени.

„Тоа е во рамките на активностите на Државнот пазарен инпекторат од којшто се уште чекаме конечен извештај. Тоа за што не известија од досегашниот увид е дека има зголемување на цените заради тоа што економските оператори, аптеките, компаниите имале и поголема увозна цена. Тоа е нешто што треба да се провери, така да го чекаме финалниот извештај“, рече миниостерот Филипче.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред две дена рече дека ќе има казни за сите кај кои ќе биде утврдено дека профитот им е поважен од здравјето на граѓаните па во услови на криза ги зголемиле цените на маските и на средствата за дезинфекција за кои има зголемена побарувачка.

„Ако некој мисли да профитира на сметка на граѓаните и на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже“, рече премиерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски