ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули не ги гледа делата на Трајановски

Од:

Во изминатиот мандат на Коце Трајновски токму во општина Карпош, Градот Скопје реализираше крупни и капитални инвестиции, кои во мандатите на СДСМ и нивните коалициони партнери, беа пропуштени да се реализираат. Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули се обидува да не ги види новите булевари, улици и инфраструктурни проекти, кои беа завршени во мандатот на Коце Трајановски, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката партија нагласуваат дека во Карпош се изградиле булеварите Илинден, МАНАПО, Митрополит Гологанов и се реконструирала комплетно улицата Козле, се изградил Паркот Македонија кој се простирал на 30.000 квадратни метри други други проекти за Карпош.

„Доколку Макрадули заборавил на сите овие проекти, очиглено дека карпошовци не заборавиле. За тоа говори изборниот резултат во општина Карпош, каде што Коце Трајановски освои над 3.500 гласови повеќе од Јани Макрадули. Добро ќе беше ако Јани Макрадули наброи барем еден проект или иницијатива за Карпош и Скопје, која ја има направено во својата политичка кариера“, се вели во соопштението од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука