ВМРО-ДПМНЕ: Зад Коцевски не стојат дела, туку евтина шминка и реклама

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Велес Аце Коцевски наведува дека тој за време на деветгодишниот градоначалнички мандат успеал да направи само две фонтани, три тротоари и неколку префарбани фасади.

– Зад Коцевски не стојат дела, туку евтина шминка и реклама. Тој не реши ниту еден суштински проблем на градот и не изгради ниту еден капитален инфраструктурен објект. Не стори ништо за решавање на сообраќајниот хаос, ниту за санирање на проблемот со свлечиштето Рамина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Коцевски ветил но не изградил булевар, ветил но не изградил нова театарска зграда, ветил странска инвестиција во фабриката „Колска“, но и за тоа излажал.

– Во мандатите на неговата партија во Велес близу 10.000 луѓе останаа без работа, а цената на водата се покачи за 210 отсто, а СДСМ не успеа да го изгради хидросистемот „Лисиче“, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“