Лоран Блан повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Франција.
Договорот на Блан истече во саботата, а тој од функцијата заминува поради несогласувањата со Фудбалската федерација на Франција.
Блан селекторската функција ја презеде веднаш по Мундијалот во Јужна Африка на кој Французите одиграа катастрофално, на функцијата тој го наследи Рајмон Доменек.
За време на својот мандат, поранешниот тренер на Бордо забележа само два пораза, од Шведска и Шпанија на Еуро 2012. Франција настапот на континенталниот шампионат го заврши во четвртфиналето со поразот од Шпанија 0:2.
Фудбалската федерација на Франција сеуште не ја има официјално потврдено информацијата дека Блан повеќе не е селектор.