Русија тврди дека Турција го прекршува договорот за Идлиб

Од:

Русија ја обвини Турција дека не се држи до обврските преземени од договорот за создавање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб, и дека место тоа таа им помага на милитантите.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека „терористичките упоришта се споиле со турските позиции во Идлиб“, што резултира со дневни напади врз руската воздухопловна база Хмеимим во Сирија.

-Турција во Идлиб распореди воена сила која наликува на механизирана дивизија, што го прекршува меѓународото право, рече портпаролот на руското МО.

Портпаролот на турската војска не беше достапен за коментар на обвинувањето од руска страна.

Руските обвинувања доаѓаат во пресрет на средбата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со неговиот руски колега Владимир Путин, планирана за утре во Москва.

Очекувањата се двајцата лидери да ги намалат тензиите што Турција и Русија ги доведе до директен опасно близок воен конфликт во Сирија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања