ВИДЕО: СДСМ најави кривични пријави за носењето избирачки списоци и печати дома

Од:

На избирачките места 65 и 66 во Битола, претседателите на избирачките одбори на 24 март ги понеле дома избирачките списоци и печатите, за што ќе добијат кривични пријави, најави „Сојузот за иднината“ од Битола.

Во низа констатирани неправилности, злоупотреби и фалсификати, еден од најдрастичните беше случајот кога претседателите на избирачки одбори од избирачките места 65 и 66 неовластено ги понесоа дома избирачките списоци и печати – реагираа опозиционерите од Битола.

Иако од „Сојузот за иднината” реагирале со претставка уште пред почетокот на изборниот ден, сепак гласањето се одржало по лична асистенција на претседателот на Општинската изборна комисија од Битола.

Во Кривичниот закон, во член 164 стои: „Секој оној што ќе влијае на кој било начин врз изборниот материјал, особено во случај кога тоа го прави член на изборачки одбор, ќе сноси кривична одговорност со предвидена казна затвор од најмалку 5 години“ – рече Благојче Котески.
Опозициската коалиција ќе поднесе кривична пријава против Цветанка Ристевска, претседател на ИО број 65, вработена во Општина Битола како портпарол на кандидатот

за градоначалник на ДПМНЕ од Битола, како и против Татјана Стаменковиќ, претседател на ИО 66, вработена во ОУ Коле Канински од Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација