Четврти руски воен брод се доближува кон Сирија, директниот конфликт никогаш поблиску

Од:

Руската морнарица го испрати четвртиот воен брод во близина на медитеранскиот брег на Сирија.

Големиот брод „Новочеркаск“е фотографиран како го преминува теснецот Босфор еден ден откако Русија одлучи да испрати два воени бродови опремени со ракети „Калибар“ спрема сирискиот брег додека пак, третиот брод се наоѓа на медитеранот уште од месец декември.

Според Москва тајмс, спротивставените сили Русија и Турција не биле никогаш поблиску до директен воен конфликт за Сирија.

Турција започна воена кампања во Идлиб против сите сили кои беа поддржани од „про-руските“ сириски власти со намера да ги заземат упориштата на бунтовничките сили.

Анкара соопшти дека 33 турски војници се убиени преку воздушни напади во четвртокот, зголемувајќи го бројот на загинатите во Идлиб на 54 турски формации минатиот месец.

Турските сили досега уништија два воени авиони на сириската влада како и еден аеродром.

Заради  ублажување на тензиите помеѓу Анкара и Москва, Путин и Ердоган треба да се состанат овој четврток во обид да постигнат некаков дипломатски компромис.

За Русија, историски гледано Блискиот исток вклучувајќи ја и Сирија, претставува руска геостратешка точка, всушност, од 1971 година, Русија го одржува воениот објект Тартус каде беа изведени бројни поморски вежби со сириската армија.

Пет години претходно, Русија спроведуваше поморска кампања во поддршка на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад за време на деветгодишната граѓанска војна.

Шефот на секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир најави дека во блиска иднина ќе распоредат дополнителни противвоздушни системи „ХИСАР“ во Сирија, доколку ескалира ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка