Еден од поголемите и посуштински проекти кои ќе започнат со реализација во текот на годинава е изградбата на патотот што ги поврзува селата Октиси и Велешта во должина од 2,24 километри, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на Струга.
– Средствата од околу 15,5 милиони денари се веќе обезбедени, така што повеќе од сигурно е, дека овој патен правец ќе почне да се реконструира. Наш приоритет оваа година ќе биде и канализацијата во Мороишта и водоводот во Луково, изјави Јанакиески.
Во Струга Јанакиески се сретна со кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Заедно за Струга“, Владимир Кочоски.
– Дискутиравме за изградба на повеќе инфраструктурни проекти кои идниот градоначалник на Струга заедно со Владата на Република Македонија ќе ги реализира, истакна Јанакиески.
Според него, во изминатите осум години отсуствувала добрата соработка со досегашниот градоначалник Рамиз Мерко, поради што, како што рече, поголем дел од проектите за Струга останале нереализирани, а дел од нив се реализирале со забавено темпо.