Турската војска изгуби најмалку две беспилотни летала во Сирија, откако руската војска ги активира своите „електронски воени системи“.
Локалните медиуми наведуваат дека руската војска се впушти во електронска војна за да ги поремети турските беспилотни летала кои бомбардираат позиции на сириската арапска армија.
-Во последните три дена, Турција изгуби најмалку два дрона во сирискиот воздушен простор, Турција се обидуваше со овие летала да ги нападне позициите на сириската војска, наведуваат медиумите.
-Турските летала по влегувањето во воздушниот простор на Сирија, беа под силно електронско влијание од југозападниот дел. Турција изгуби контрола над дроновите. Еден се урна во турската провинција Хатаи, а другиот во близина на Саракиб, се наведува во извештајот на медиумите.
Се објаснува како руската војска ги пресретнала леталата.
-Во моментов не е познато како е изведена акцијата на пресретнување и попречување. Не е познато дали е попречуван само сигналот на дроновите. Оваа акција ја натера Турција во последните неколку дена да ја намали употребата на беспилотните летала на минимум, зошто не сакаат големи загуби. Џихадистите изгубија значајна поддршка, што му овозможи на сириската армија да ослободи седум населени места, меѓу кои и Саракиб, наведуваат медиумите.