Претседателот на Собранието на Словенија, Дејан Жидан поднесе оставка веднаш по изгласувањето на Јанез Јанша за нов мандатар за состав на Владата.
– Се повлекувам бидејќи не сакам да стојам на патот на новата коалиција. Сакам да се заблагодарам за сите успеси кои заедно ги направивме. За мојата една и пол годишна работа направивме успешна регионална соработка, а дадовме и голема поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија, истакна Жидан.
До изборот на новиот претседател на Собранието, седниците ќе ги водат највозрасните пратеници.