„Сојузот за иднината“ од Битола со нови кривични пријави за денот на изборите

Од:

Како дел од серијалот пресови за обелоденувањето на сите неправилности и прекршоци на Изборниот законик, денес од „Сојузот за иднината“ – Битола со нов случај на „злоупотреба и фалсификат, кои се случиле на 24 март“:

„Во низа констатирани неправилности, злоупотреби и фалсификати, еден од најдрастичните беше случајот кога претседателите на избирачки одбори од избирачките места 65 и 66 неовластено ги понесоа дома избирачките списоци и печати“.

Иако од „Сојузот за иднината” реагирале со претставка уште пред почетокот на изборниот ден, сепак гласањето се одржало по лична асистенција на претседателот на Општинската изборна комисија од Битола.

„Во Кривичниот закон, во член 164 стои: Секој оној што ќе влијае на кој било начин врз изборниот материјал, особено во случај кога тоа го прави член на изборачки одбор, ќе сноси кривична одговорност со предвидена казна затвор од најмалку 5 години“.

За сторителите на овие прекршоци за време на изборниот ден од „Сојузот за иднината“ најавија кривични пријави.

„Затоа пред Основаното јавно обвинителство е поднесеме кривични пријави против: Цветанка Ристевска, претседател на ИО број 65, вработена во Општина Битола како портпарол на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ од Битола, и Татјана Стаменковиќ ,претседател на ИО 66, вработена во ОУ Коле Канински-Битола“, изјави Благојче Котески од “Сојузот за иднината“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“