Словенечкиот парламент го ратификуваше хрватскиот пристапен договор со Европската унија. За ратификацијата гласаа 82 присутни пратеници, од вкупно 90, присуствуваа и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и министерката за надворешни работи Весна Шушиќ.
До сега хрватскиот пристапен договор го ратификуваа 22 држави на ЕУ, а Словенија е последната членка на ЕУ, која што почна процесот кој што беше запрен поради проблемите со Љубљанската банка.
Елена Георгиевска