СДСМ: Извештајот на ЕК ги потврди успешните европски политики, продолжуваме по патот на реформи и интеграција

Од:

„Позитивниот Извештај на Европската Комисија за Република Северна Македонија преставува потврда на успешните евроинтегративни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев и на резултатите кои ги постигнавме во скратениот мандат од две и пол години.

Реформите кои ги презедовме се препознаени од нашите европски сојузници, а нивните позитивни оценки, како и препорката за почеток на преговори со Европската Унија, се своевидна потврда дека држвата е на правиот пат, но преставува и мотив да продолжиме напред.

Во однос на судството, Извештајот на ЕК нотира засилено темпо на имплементацијата на реформите. Во прилог на тоа оди и новиот Закон за Јавно обвинителство кој за Комисијата е гаранција дека ќе се обезбеди одговорност за кршењето закони и дека предметите на СЈО целосно ќе се затворат со правосилна пресуда“, велат од СДСМ.

„Европската Комисија нотира позитивни реформи и во Секторот за безбедност и разузнавање каде што се споменува новиот закон, но и активирањето на Оперативно – техничка агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во Извештајот се заклучува дека постои засилен надзорен капацитет во службите, но и на парламентот кон безбедносниот сектор.

Извештајот на ЕК посветува внимание и на реформите во јавната администрација каде се потенцираат владините активности за поефикасна транспарентност и отчетност, но и напорите за дигиталзиација и поедноставување на пристапот на граѓаните кон институциите.

Очекуваме дека по постигнатите реформски резултати, Европската Унија ќе биде доследна на ветеното и ќе го исполни својот дел од обврската и дека Северна Македонија наскоро ќе започне преговори со Унијата.

Она што го чекаа македонските граѓани 15 години, ние успеавме да го реализираме во две и пол годишниот мандат.

Затоа и по 12-ти април продолжуваме заедно со граѓаните по патот на реформите и интеграцијата, пат кој обезбедува подобра е за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“