Влада: Функционира системот за справување со евентуален бран мигранти

Од:

Северна Македонија има воспоставен систем за одговор за справување со евентуален бран мигранти, сите надлежни институции ги активираат своите оперативни планови, било констатирано на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Со состанокот на Управувачкиот комитет, со кој претседаваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и на кој учествуваа вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку, претставници на канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија и на Армијата на Република Северна Македонија, било истакнато дека Владата со соодветно внимание ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите на нашата земја од НАТО и ЕУ.

Република Северна Македонија, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја.

-Во 2019 година беше продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници го засилуваат своето присуство и ангажман. Уште во текот на денешниот ден, зголемен е бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница и потврдени се оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски