(ВИДЕО) Заев: Колку места на листите ќе има СДСМ, а колку коалционите партнери ќе се знае следниот викенд

Од:

На Конгресот на 9 март ќе се знае распоредот на кандидатите на листите на СДСМ, коалициските партнери, како и на новиот партнер БЕСА кој се приклучи минатата недела, рече на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој вели дека во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, со цел да се понудат квалитетни кадровски решенија.

„Скоро секоја вечер во СДСМ има работни состаноци при што се прават оценка и анализи за тоа кои кандидати ќе бидат ставени на листите. Таа задача ја има комисија составена од меѓународни и домашни експерти дополнета со претставници на политичкото раководство на СДСМ со цел квалитетна селекција на кандидатите кои треба да бидат репрезенти во локалните заедници. Прво треба да склучиме договор со сите партнери за коалицирање, со кои го немаме завршено тој процес и тоа очекуваме да се се случи оваа недела, а потоа следува нашиот Конгрес. До тогаш треба конечно да утврдиме кои се коалиционите партнери, кои места ги добиваат и кои се кандидатите од Социјалдемократскиот сојуз и независните кандидати кои што ќе се најдат на листите. Според мене кадндидатите треба да се достоинствени репрезенти на народот без оглед дали доаѓаат од СДСМ, Беса, НСДП, ДОМ, ПЦЕР, или од партиите на Бошњаците, Власите, Турците“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација