Сопружници се степале и демолирале изнајмена викендица во Маврово

Од:

Сопружници направиле штета на инвентар и си нанеле повреди, откако се степале во викендичка која изнајмиле.

Според СВР Тетово, вчера било пријавено дека во викендица во Маврово, во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста на објектот. По увидот било утврдено дека тие претходно меѓусебно физички се пресметувале и си нанеле повеќе телесни повреди.

Двете лица се лишени од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски