МВР: На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е постојано присутна и подготвена

Од:

Состојбата на нашата јужна граница е непроменета. Полицијата е постојано присутна и подготвена, а граѓаните немаат причина за загриженост, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Имаме стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава. Граѓаните немаат причина за загриженост. МВР, односно нашата полиција е подготвена и постојано присутна на јужната граница. На нашите полициски службеници веќе неколку години им помагаат и полициски службеници од неколку пријателски држави и со заеднички сили се справуваме со сите нелегални обиди за влез, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, утрово на „Твитер“ напиша дека повеќе од 76.000 мигранти ја минале турската граница кон ЕУ.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека неговата земја ги отворила границите и ќе им дозволи на бегалците да одат во Европа доколку тоа го сакаат.

Одлуката на Турција да ги отвори границите за бегалците и мигрантите на нејзина територија, дојде по нападот на сириските владини сили во кој загинаа 33 турски војници.

Во Турција има околу 3,7 милиони сириски бегалци и мигранти од земји како Авганистан, кои Турција одлучи да ги прифати на свое тло во договор со ЕУ. Но, Ердоган вчера во Истанбул порача дека ЕУ го прекршила договорот.

Од петокот, илјадници луѓе се движат кон границата со Грција, но точниот број не е познат. Додека Турција тврди дека заминале повеќе од 76.000 мигранти, грчките власти соопштија дека вчера запреле околу 4.000 мигранти кои се обиделе да ја преминат границата и да влезат во Грција.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција: Се урна училишен хеликоптер, едно лице загина

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

Ердоган: Обидот за државен удар пред десет години беше обид за окупација на Турција

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он