Сирија го затвори воздушниот простор над северозападниот дел од земјата

Од:

Сириската армија соопшти дека го затвора својот воздушен простор над северозападниот дел на земјата, јави Скај Њуз.

Според армиски извори, затворањето на воздушниот простор ја вклучува и провинцијата Идлиб.

Во наредбата на армијата е посочено дека „секој авион што ќе го наруши воздушниот простор во определената зона ќе се смета за непријателски и ќе биде соборен, за да не се дозволи реализација на агресивни цели“.

Одлуката на сириската армија следеше откако претходно турските медиуми јавија дека е соборен авион „L-39“ на сириската армија од борците на таканаречената вооружена сириска опозиција во реонот на населбата Саракиб.

„Пилотот успеал да се катапултира, но засега не се знае неговата судбина“, информираше турскиот весник „Хабертурк“, пренесе агенцијата Анадолија.

Меѓутоа, сириската државна агенција веднаш ја демантира оваа вест.

-Никаков авион на сириските воено-воздхопловни сили не е соборен над овој регион, јави Сана, додавајќи дека единици на сириската армија собориле беспилотно летало, произведено од Турција. Дронот и припаѓал на вооружената сириска опозиција, која се бори на страната на Турција.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка