Димковски: Откупени се сите количества тутун од ланската реколта, а државата ќе исплати вкупно 31 милион евра субвенции

Од:

Официјално заврши откупот на тутунот во земјава.

„Откупени се вкупно 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм тутун“, соопшти министерот за земјоделство, Трајан Димковски кој со директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Зоран Шапуриќ беше во посета на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Пирлеп.

Според Димковски, откупени се сите количества тутун од ланската реколта, а државата ќе исплати вкупно и 31 милион евра субвенции.

„Просечната откупна цена е 220 денари за килограм и е најголема досега. Откупувачите на тутунарите им исплатија 94 милиони евра. Просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм и државата на тутунарите ќе им исплати субвенции од вкупно 31 милион евра. Тоа значи дека кон крајот на март, по обработката на податоците од Платежната агенција, за што ќе бидат неопходни две до три недели, се  планирани и ќе бидат исплатени тие 31 милион евра. Сѐ на сѐ, на тутунопроизводителите вкупно ќе им бидат исплатени 125 милиона евра, од кои 60 отсто се во Прилепскиот регион. Заедно со субвенциите и просечната цена, тутунарите добиваат по околу 300 денари по килограм откупен тутун“, изјави Димковски.

Директорот Шапуриќ уверува дека сите количества тутун од реколтата се откупени и нема неправилности зашто инспекторатот постојано е на терен.

 

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот почна воздржано и со барање повисоки цени

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше