Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе се состане по повод најновиот развој на ситуацијата на северозападот од Сирија, изјавија дипломати.
Седницата е свикана на барање на САД, Велика Британија, Белгија, Германија, Естонија, Франција и Доминканска Република, пренесуваат британските медиуми.
Бегалците во Турција денеска се упатија кон европските држави бидејќи турски официјален претставник изјави дека Анкара ќе ги отвори границите како одговор на ескалацијата на судирите во Сирија, каде вчера погинаа 33 турски војници во напад на сириските владини сили, кои се поддржани од Русија.