На јапонскиот остров Хокаидо прогласена вонредна состојба поради Ковид-19

Од:

На јапонскиот остров Хокаидо денеска е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на новиот коронавирус.

Гувернерот на Хокаидо, Наомичи Сузуки изјави дека вонредната состојба ќе трае до средината на март.

Сузуки, со заштитна маска на лицето, ги повика сите жители да останат дома овој викенд „затоа што тоа време е клучно за да не се влоши ситуацијата“.

– Требаше да го спречиме вирусот, но ситуацијата станува се позериозна, рече Сузуки.

– За да се заштитите себе си и вашите најблиски, воздржете се од излегување овој викенд, нагласи тој.

Бидејќи кон крајот на јануари беше регистриран првиот заразен, оваа островска префектура бележи постојан пораст на бројот на пациенти, а во последните денови темпото се забрзува.

Хокаидо има 63 потврдени случаи на новиот коронавирус, вклучувајќи и два смртни случаи.

Експертите за јавно здравје и вируси изразија загриженост поради случувањата во Хокаидо, велејќи дека се појавиле инфекции за кои не се знае како се пренесени. Централната Влада испрати тим на експерти за да го истражи тоа.

Сузуки информира дека случаите на островот се зголемиле и оти шест лица биле позитивни на коронавирусот, откако биле на изложба во Китами сити, за каде постои сомнеж дека дошло до масовна инфекција.

Во услови на се поголеми критики на јавноста за начинот на кој се справува со кризата, премиерот Шинѕо Абе побара од училиштата во Јапонија да не работат до крајот на март.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови