Циодрас: Сите екскурзии за грчките ученици привремено ќе се откажат

Од:

Портпаролот на Министерството за здравство на Грција, проф. Сотирис Циодрас на денешната прес конференција во надлежното министерство соопшти дека ќе стапи привремено откажување на сите екскурзии во странство за учениците од Грција поради коронавирусот.

„Со препорака од специјалната група на експерти и со согласност од министерката за образование, се проширува мерката за привремено откажување на организираните едукативни екскурзии, сите екскурзии во странство поради исклучителните тешкотии за пронаоѓање на контактите на потврдените случаи во странство“, рече Циодрас.

Во однос на четвртиот случај на коронавирусот во Грција, професорот објасни дека продолжува проверката на контаките и превентивно се затворени учiлишта во поширокиот дел на Атина.

Според грчките медиуми, 36-годишната жена кај која беше откриен коронавирусот е професорка.

За останатите позитивни случаи Циодрас рече дека продолжува процесот на пронаоѓање на контактите и следење на здравствената состојба на лицата кои со нив имале блиски контакти.

„Онаму каде што имаше сомнеж, се спроведе лабораториска проверка, која беше негативна. Нешто друго што е многу важно да се истакне е дека не се оценува неопходно откажувањето на масовните собири во нашата држава. Не постојат знаци на континуирано пренесување на вирусот во заедницата во Грција“, рече портпаролот на грчкото Министерство за здравство.

Професорот Циодрас, на денешната прес конференција објасни дека епидемијата се проширува во сѐ повеќе земји и има „сѐ повеќе појави на пренесување на вирусот каде што нема јасен извор на потекло”.

Во Грција се регистирани вкупно четири случаи на коронавирус, два во Солуни и два во Атина.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија