(ВИДЕО) Костадинов: Предметот против Јово Вангеловски ја потврдува потребата од Законот за ЈО и реформи во правосудството

Од:

„Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока, уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските рефомри во правосудството што ги преземаме.

За потсетување, Јово Ванглеовски познат во јавноста и како Јово Превара е поранешен претседател на Врховниот суд, кум на Трајко Вељановски кој е меѓу обвинетите за 27 април.

Еве зошто извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочеа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Ете зошто Мицкоски и неговите пајташи протестираа против правдата“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Со законот за јавно обивнителство отворена е можноста надлежните институции да утврдат дали Вангеловски намерно криел предмети свесно и намерно ја опструирал правдата.

Разликата е јасна.

Додека извршителот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Груевски, СДСМ создава услови за независни институции и правда.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира интеграциите СДСМ и Зоран Заев ја обезбедуваат европската перспектива на државата.

ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, ние сме за интеграција.

Мицкоски може да протестира против правдата но криминалот на неговиот шеф Груевски и криминалот на неговите сопартијци нема да го одбрани.

Следуваат реформи во судството, ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, без разлика колку и тоа да не му се допаѓа на извршителот Мицкоски“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата