Кривична пријава против скопјанец за „задоволување полови страсти пред друг“

Од:

Полицијата идентификува и лиши од слобода 26-годишен скопјанец што во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршел задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи во Скопје.

Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Е. Ш. (26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

– По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш ., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје. По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он