Немилосрдни пирати од индискиот Океан, врзале најмалку 16 рибари и ги фрлиле во водите на бенгалскиот Залив, оставајќи ги да се удават, соопшти денеска полицијата на Бангладеш.
Во соопштението се вели дека екипажот на еден рибарски брод, во близина на прочуената плажа Кокс Базар, прво пронашле три безживотни тела како плутаат во Бенгалскиот Залив во близина на островот Кутубдиа, за подоцна да пронајдат уште мртви давеници.
“Тие откриле три тела со врзани раце и нозе со јаже и ги извадиле на брегот. Рибарите ни кажаа дека виделе најмалку 16 тела како плутаат во морето”, рече заменик на локалниот командир на полицијата Имран Бхуијан.
Тој додаде дека на телата немало повреди и дека веруваат дека пиратите живи ги фрлиле во морето.
Бангладешката полиција претпоставува дека пиратите ги убиле рибарите за да ги украдат бродските мотори,рибарските мрежи и уловот.