ВИДЕО: Нов сомнителен за коронавирус, пред шест дена се вратил од Италија

Од:

Утрово патник кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари пријавил дека има покачена температура. Земен е материјал за анализа и резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во текот на денот, извести министерот Венко Филипче.

„Патникот имал покачена температура, нешто над 37 степени. Кога стигнал во земјата немал симптоми. Сега му се појавиле симптомите, затоа и се јавил. Се придржувал до мерките и се јавил на еден од телефоните. Во зависност од резултатите на тестот, ќе ги одредиме понатамошните постапки“, рече министерот Филипче.

Двајца бугарски државјани кои работат во битолска фирма во земјава пријавиле дека биле во северна Италија, но не дале податок дали биле во директен контакт со заболени.

„Дадени им се совети да бидат дома, а оставени им се и телефоните на кои треба да се јават доколку почувствуваат симптоми за да не се движат во институциите“,  рече министерот Филипче.

Единствената пациентка заболена од коронавирус сметена во одделот за изолација на Инфективната клиника е во стабилна состојба, без знаци на комликации и влегува во фаза на закрепнување, а министеот вели дека „добро оди“ и системот за изолација на луѓето со кои таа била во контакт.

Двајцата сомнителни кои вчера беа тестирани за коронавирус се негативни.

Министерот Филипче дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција на вирусот во пресрет на карневалите во Струмица и во Прилеп, мерка која била договорена доцна синоќа на состанок со Центарот за управување со кризи.

„Денес Владата ќе има седница специјално за оваа точка. По седницата ќе информираме за одлуката. Нашиот предлог ќе биде да се забранат сите јавни собири на луѓе со голема бројка без разлика дали се на отворено или на затворено. Во затворен простор ризикот од пренесување на инфекцијата е поголем, меѓутоа истото важи и за отворен простор ако дистанцата меѓу луѓето е мала, а тоа е безбедна дистанца од 1-1,5 метар, што на карневал е невозможно да се почитува. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири, вклучително и спортските натпревари. Тоа што ние ќе препорачаме како Министерство за здравство ќе биде мерката да важи најмалку една недела, од денеска до следниот петок, со таа можност во кој било момент да се донесе друга мерка во зависност од тоа како ќе се движи состојбата во однос на пациентите, но и во однос на тоа што се случува во регионот околу нас“, рече Филипче.

За споредба, тој даде пример со Грција каде што е откажан карневалот во Патра иако двајцата заболени од коронавирус се во Солун.

Вчерашните бројки покажуваат дека на светско ниво коронавирусот за првпат се јавува во нови земји. Министерот Филипче рече дека за првапат вирусот се јавува во Нигерија, но и во четири други европски земји  -Естонија, Данска, Холандија и Литванија. Со ова вкупната бројка на заболени во Европа изнесува 774 од кои 650 се во Италија.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски