ФОТО: Тодоровиќ бил кандидат за градоначалник на Кисела Вода од Демократска Алтернатива

Од:

Порталот Макборба објави фотографија која пристигнала до нивната редакција а на која се гледа дека кандидатот за градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ има повеќекратно и повеќепартиско искуство со кандидатурите на локални избори.

Имено, актуелниот градоначалник на Центар и сопственикот на маркетите „Тинекс“, катната гаража „Зебра“ и други бизниси, во 2000 год. бил кандидат на Демократската Алтернатива за градоначалник на општина Кисела Вода.

Порталот објавува дека според нивните информации, кога пред 4 години Тодоровиќ го добил градоначалничкиот мандат за општина Центар, бил жител на општина Кисела Вода, во населба Пржино со живеалиште на улица „Рилски Конгрес“, а моменталното живеалиште му било во општина Аеродром, на булевар „Владимир Назор“.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски