Денес започнува дводневниот самит на НАТО во Чикаго. Главна тема на самитот ќе биде дефинирање на долгорочниот однос кој НАТО би го имал со Авганистан, а Македонија се надева дека едно од прашањата ќе биде нејзиното зачленување во Алијансата иако според експертите шансите за тоа се мали.
Самитот на НАТО во Чикаго се очекува да биде најголем во историјата, а на него ќе земат учество околу 60 држави и организации.