Вселенскиот патријарх, Вартоломеј го покани папата Франсис да го посети Истамбул на 30-ти ноември, по повод празникот на заштитникот на патријаршијата Св апостол Андреј.
За прв пат во историјата на двете цркви, патријархот Вартоломеј присуствуваше на инагурацијата на папата Франсис на 19-ти февруари во Ватикан.
Како што соопштија од црковните кругови на Фанар, 30-ти ноември е одличен датум, бидејќи тогаш Цариград и Ватикан секоја година одат во посета на најголемите празници на двете патријаршии.
Патријархот Вартоломеј изјави дека е убеден дека ќе дојде до единство помеѓу православната и католичката црква, но дека тој тоа нема да го доживее.
Во разговорот со папата договорено е богословскиот дијалог помеѓу двете цркви да се интензивира, а воедно и да се најде договор за прашањата за екологијата.
Разгледана е и можноста тие да се сретнат во Ерусалим во почетокот на следната година, како и во 2015 година во Рим.
-Мора гладните да ги нахраниме, голите да ги облечеме, а тие што патат да им помогнеме – истакна тој.
Елена Георгиевска