Кенан Хасипи со поддршка за кандидатите за градоначалници на Битола и Могила од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на Демократската партија на Турците-ДПТ Кенан Хасипи, како дел од коалицијата „За подобра Македонија“, денеска се сретна со кандидатите за градоначалник на општините Битола и Могила, Владимир Талески и Славко Велевски и јавно ги поддржа во пресрет на вториот круг од локалните избори.

На средбата со новинарите, претседателот на ДПТ, Хасипи посочи дека освен со кандидатите за градоначалник на Битола и Могила, се сретнал и со своите членови, симпатизери и поддржувачи на кои им нагласил дека треба да дадат масовна поддршка за победа на Владимир Талески и Славко Велевски во вториот круг.

– Сакам да упатам силна порака да се поддржат кандидатите за градоначлници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Убеден сум дека во вториот круг членовите на ДПТ и турската заедница во Битола, повторно и уште посилно ќе застанат зад Талески во Битола и за Велевски во општина Могила, посочи Хасипи.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ