Актуелниот претседател на Исланд Олафур Регнар Гримсон според прелиминарните резултати, го освои петтиот мандат за шеф на државата, а пораз призна неговата противкандидатка Тора Арнорсдотир (37).
Според првичните резултати 69-годишниот Гримсон освои 52,5 отсто од гласовите, додека Арнорсдотир 33,2 проценти.
Околу 235.780 граѓани на Исланд со право на глас вчера гласаа на претседателските избори.
Популарноста на социјалистот Гримсон се должи на тоа што дури двапати одби да го потпише законот за употреба на парите на даночните обврзници за плаќање на отштета на Велика Британија и на Холандија поради колапсот на интернет банката „Ајс сејв“ во 2008 година. Тој е познат и по неговата поддршка на Кина, иако исландската Влада ја критикува состојбата со човековите права во таа земја.
Гримсон е и против членството на Исланд во Европската унија поради стравот од губење на суверениотетот. Исланд побара членство во ЕУ во 2008 година и преговорите се во тек.