Камерата на Centarnews.net, денеска во 12 часот пред бараките на Општина Центар, сними група Роми од реонот на Кале пред седиштето на општина Центар.
Со список беа прозивани од лице кој им делеше елечиња за одржување на хигиената во Општина Центар.
Лицето, како што регистрирала камерата, ги упатувало каде да одат и дека ќе бидат пречекани од друго одговорно лице, најверојатно за да почнат со работа.
На видеото, посочува порталот, јасно се гледаат лица кои вчера биле на средбата која ја одржа кандидатот за градоначалник, Владимир Тодоровиќ во делот на Кале, заедно со советникот во Општина Центар, Алберт Адемов.
Истите лица денеска беа пред Општината Центар заедно со насобраните Роми.