Груевски: Изградба на Технолошко-индустриска зона клучна за Берово

Од:

Имаме одлична програма со која цврсто верувам дека градоначалникот Драги Наџински повторно ќе го добие мандатот од беровчани и ќе ја реализира програмата во наредните четири години, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по денешната посета на општина Берово.

– Доказ за тоа е реализацијата на програмата во изминатите четири години со што граѓаните можеа да видат сериозна разлика меѓу Наџински и неговите претходници. Во овие четири години се виде раздвижување во Берово, иако Наџински имаше низок буџет на располагање, но и со него снаогајќи се во соработка со Владата, меѓународните институици и ЕУ изнајде средства да реши повеќе проблеми во градот и околината, изјави Груевски.

Toj заедно со Наџински, прошета низ градот и празговара со граѓаните за да ги чуе нивните размислувања, ги разгледа местата каде што се планира во идниот период да се инвестира во автобуска станица и пазар, а разговарале и за изградбата на отворен олимписки базен по пат на јавно партнерство, водоводи во Ратово и Двориште и повеќе улици низ градот.

– Како клучен проект за Берово на среден и долг рок е изградбата на Технолошко-индустриско развојната зона меѓу Берово и Пехчево што треба да почне да се гради во четвртиот квартал од годинава и во која очекувам да дојдат крупни домашни и странски инвеститори кои ќе инвестираат и ќе вработат луѓе, рече Груевски.

Кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ за Делчево Наџински рече дека тоа што се ветува во неговата програма е издржано, проверено и се обезбедени финасиски средства.

– Во програмата се ставени проекти кои се од витално значење за развојот на општината и градот. Сакам градот да го направам уште поатрактивна туристичка дестинација, а со тоа директно и индиректно да придонесеме за поголем број вработувања, рече Наџински.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски